Џимејл, кој деновиве го прославува својот 15. роденден, одлучи по тој повод, да „ги почести“ со некои нови додатоци своите корисници, како на пример, опцијата за закажување датум и час на испраќање на мејлот.
Тоа досега, во рамки на Џимејл, беше достапно само со специјалните понуди. Сега опцијата ќе стане достапна за сите и ќе може да се активира со клик на стрелката покрај „Испрати”.
Меѓу новитетите е и опцијата „Смарт Компоуз” која, по принципот на вештачка интелигенција, сама учи да се прилагодува на навиките и стилот на корисникот. Така, на пример, таа сама ќе ги вметнува вообичаените поздрави на корисникот.