Македонија
27. October 2026 - 12:22

Потпишана Националната програма за достоинствена работа

Владата, синдикатите и работодавачите денеска ја потпишаа Националната програма за достоинствена работа 2026–2030, документ изработен со поддршка на Меѓународната организација на трудот.

Програмата ги утврдува приоритетите за следните пет години – повеќе и поквалитетни работни места, подобри услови и права на работниците, развој на вештини, поголема вработеност и посилен социјален дијалог.

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека целта е економскиот раст да се преточи во подобар животен стандард и посигурни работни места.