Џихадистите од ИД повторно го зазедоа градот Ар Раи на сириско-турската граница

Сириски активисти информираа дека џихадисти на Исламската држава (ИД) повторно го зазеле сириското гратче Ар Раи, на границата со Турција, само неколку дена откако го напуштија, отстапувајќи пред бунтовничките сили и нивните сојузнички милиции, пренесоа американските медиуми.
Сирискиот центар за мониторинг на човекови права и една телевизија од Алепо соопштија дека џихадистите го зазеле гратчето рано утринава, по интензивна престрелка.
Ар Раи има стратегиска местоположба на границата со Турција и ИД го користи како пункт за пристап до линиите за снабдување на групата. Гратчето, освен тоа, се наоѓа крај патот што води кон бастионот на ИД во провинцијата Алепо.
Џихадистите во четвртокот беа потиснати од гратчето од страна на бунтовничките групи, меѓу кои и од сирискиот огранок на Ал Каеда, Фронтот Ал Нусра.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк, разговаравме и за правосудниот испит
-

Клековски на 12. турски медицински светски конгрес: Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори
-

Мерки претпазливост за приведените за милионски проневери во ФЗОМ
-

Раст на прометот со храна и горива, пад кај непрехранбените производи во септември
-

Од утре врнежи од дожд, локално пообилни
-

Четворица загинати во падот на хеликоптерот на ЕУФОР, двајца повредени во Тузла, девет во Брчко
-

Танкер во Ормуската Теснина е погоден од чамец со експлозив
-

„112 не е број за секојдневни проблеми“ - ЦУК со апел: Не ја блокирајте линијата, нечиј живот може да зависи од повикот
