Македонија
18. November 2015 - 16:51

Џес Бејли: Нападите во Париз се закана за сите нас, ќе продолжиме да се бориме енергично против тероризмот

Бодликавите жици се антихумани и нивното поставување е спротивно на принципите човековите права смета директорката на ЦУК. Македонија не размислува на овој чекор, но се прават сите подготовки бидејќи ако останеме сами и сме приморани ќе мора така да се заштитат државните граници. Државата до сега успешно го контролираше протокот на мигранти и покрај значително ограничените ресурси. 

- Во моменти кога во Република Македонија влегуваат околу пет илјади граѓани никогаш безбедноста во нашата држава не е стопроцентна. Секогаш постојат можности за влегување, за инфилтрирање на разни луѓе, за илегален премин, а може да се и со фалсификувани документи. Значи безбедноста на граѓаните и на институциите не е стопроцентна и затоа ние се залагаме за зајакнување на контролата при влез во Македонија.

Терористичките напади во Париз се закана за сите смета амбасадорот на САД Бејли. Потребна е енергична борба со кординација, солидарност и одлучност. Тој е сигурен дека ќе се надмине оваа состојба. САД соработуваа со Македонија и кога државата се соочувала со други кризи во минатото, вклучувајќи ја и актуелната бегалска криза, истакна амбасадорот на конференцијата за Кризен менаџмент.

-„ Ќе ја надминеме оваа мрачна состојба, ќе продолжиме да се бориме енергично против тероризмот и во исто време нема да заборавиме да покажеме сочуство, разбирање и помош за луѓето кои се обидуваат да избегаат.“

Ставот на Советот за безбедност вчера го повтори и премиерот Груевски, поставувањето жица ќе биде крајна мерка. 

На конференцијата на ЦУК и Универзитетот Џонс Хопкинс од САД,  учествуваа експерти, министри и функционери на иституции кои се надлежни за бегалската криза. Податоците од досегашната евиденција се дека во Македонија влегле над 480 илјади мигранти, во просек над 5 илјади на  ден од кои само 70 побарале азил во државата.