Џери Зајнфилд настапува во њујоршкиот „Beacon theater“
Американскиот актер и стенд -ап комичар Џери Зајнфилд од 7 јануари следната година, еднаш месечно со сценското дело „Jerry Seinfeld: The Homestand“, ќе настапува во реномираниот Beacon Theater во Њујорк.
- Комичарите живеат за настапи на некои сцени. За мене тоа е Beacon. Mногу сум возбуден што наскоро ќе стане мој нов дом, нагласи тој.
Џери Зајнфилд стана светски познат по наградените ТВ серијали Seinfeld кои се прикажани од 1989 до 1998 година, кога донесе одлука за прекинување на снимањето на серијалот. И покрај понудите на НБЦ, кои за продолжување на снимањето понудија 5.000.000 долари по епизода, Зајнфилд остана ба неговата изненадувачка одлука со коментар дека никогаш не би можел да потроши толку многу пари. Во деветте сезони на „Seinfeld“ вкупно прикажани се 180 епизоди.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани