-->
-->
Џерард бара тренерска лиценца
-->
Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Стивен Џерард, рекол дека 2016 година ќе биде последна во неговата професионална кариера. Џерард, минатото лето потпиша едно и пол-годишен договор со ЛА Галакси.
„Не сум 100 отсто сигурен, но ова најверојатно ќе биде мојата последна година во кариерата“, рекол Стиви Џи кој празниците ги минува со семејството во Ливерпул.
„Разговарав со Клоп, сé уште не сум добил понуда, но клубот јасно кажа дека сакаат да се вратам, иако немавме конкретни разговори околу тоа што би работел“, дополнил 35-годишниот фудбалер.
Џерард рекол дека во ноември или декември ќе биде слободен и дека ќе се обиде што поскоро да добие тренерска лиценца. Тој апелира и другите клубови да ги задржат своите играчки легенди.
„Такви играчи би требало да добијат понуди кои не би можеле да ги одбијат. Доколку играч има 100 настапи за репрезентација и 700 за еден клуб, тогаш зошто Фудбалската асоцијација и клубот би се откажале од него. Такви играчи можат да понудат многу нешта“, заклучил Џерард.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Разрешувањата во Судски совет ќе чекаат законски измени
-
Младите во Британија не знаат да променат сијалица, во Македонија велат тоа го прават без проблем
-
Руте: Време е за војна – вака треба да размислуваме
-
Преглед на вестите на светот
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа