Џемпер и прамен од косата на Курт Кобејн ставени на аукција
Најсреќните фанови на Курт Кобејн ќе можат да доживеат вистинска „нирвана“, доколку успеат на претстојната аукција да купат еден од двата понудени предмети, кои и припаѓале на оваа пејачка легенда.
Имено, американската аукциска куќа „Џулијенс“ на продажба стави еден џемпер и прамен од косата на фронтменот на групата „Нирвана“, за кои заинтересираните купувачи можат да лицитираат до сабота.
Според музичкото списание НМЕ, зелениот џемпер од акрил, мохер и ликра со пет копчиња од кои едно недостига, Кобејн го носел на легендарниот концерт на ЕМ-Ти-Ви Анплаџет во 1993 година.
Ова парче облека, чија почетна цена беше 20.000 долари, веќе достигна до 27.500 долари. Се проценува до сабота да надмине 60.000 долари.
Праменот е дел од косата, што вдовицата на Кобејн, Кортни Лав и го подари на стрип уметничката Дејм Дарси за да направи кукла за нивната ќерка Френсис, пак е проценет на 8.000 до 10.000 долари.
Куќата „Џулијенс“ објасни дека праменот што се нуди на аукција е „остаток“ од коста по уништувањето на куклата.
Ново на Сител
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница