Фудбал
27. September 2015 - 16:17

Џемаили го спушти на земја Милан!

По две победи во серија , фудбалерите на Милан се поразени на гостувањето кај Џенова и тоа минимално со 1-0. Блерим Џемаили стрелаше прецизно во 10-тата минута и го отвори резултатот кој домашните лесно го одбранија откако кај гостите Ромањоли во финишот од првиот дел беше исклучен. 

Ова е трет пораз на росо-нерите во 6 кола од Серија А.