Џејмс Коми повикан да сведочи пред Сенатот како граѓанин

Сега веќе поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми, е повикан следната недела да сведочи пред Разузнавачкиот комитет на американскиот Сенат.
Претседавачот со Разузнавачкиот комитет на Сенатот, Ричард Бур и потпредседателот на ова тело, демократот Марк Ворнер, велат дека го повикале Коми следниот вторник да се појави пред комитетом, пренесе телевизијата Си-Ен-Би-Си.
Засега не е познато дали Коми ќе ја прифати поканата, а Ворнер денеска на Твитер напиша дека седницата ќе биде затворена за јавноста, и на новинарите им порача: "Се надевам дека ќе ја искористи оваа можност“.
Белата куќа се обидува да се оправда зошто токму сега го отпушти директорот на ФБИ, објаснувајќи дека тоа нема врска со тековната истрага за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, туку со начинот на кој се постапувало кон сознанијата за Хилари Клинтон, а кои беа обелоденети во текот на изборната кампања, наведува С--Ен-Би-Си.
Коми беше сменет во вторникот, а американскиот претседател Доналд Трамп не наведе детална причина за ваквата одлука, освен дека директорот „не ја врши добро својата работа“.
Ново на Сител
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Убиство во Росоман, ја усмртил мајка си и се пријавил во полиција
-

Отфрлена претставката на обвинителката Ристоска, изјавите на премирот не биле притисок
