Џет-Сет
25. April 2016 - 20:07

Џеј Зи ја изневерувал Бијонсе со оваа жена?

Бијонсе во саботата ненадејно го објави својот нов албум наречен ‘Lemonade’. Пејачката на албумот се занимава и со темата на неверство, а многумина заклучија дека станува збор за нејзино лично искуство.
beki

Во стих од една песна се вели:  Подобро му е да ѝ се јави на Беки со убавата коса.

По објавувањето  на албумот, модната дизајнерка Рејчел Рој објави селфи со пријателката.

-Убава коса, не ми е грижа, но секогаш ќе го искористам доброто осветлување за селфи или за лични вистини. Живејте под светлина, без драми, напишала Рејчел, која во јавноста е позната како поранешна сопруга на продуцентот Дејмон Деш, кој едно време му беше соработник на Џеј Зи.

beiki1

Инаку, за Рејчел прв пат се пишуваше во таблоидите после неславниот инцидент од мај 2014 година, кога протече снимка од безбедносна камера во лифт на која сестрата на Бијонсе (Соланж) го „истепала“ Џеј Зи, додека Бијонсе седела на страна и гледала.

Тогаш се шпекулираше дека Соланж полудела бидејќи дознала дека Џеј Зи е премногу „близок“ со Рејчел.