Џанлука Мартиненги - нов шеф-диригент во Македонската опера и балет

Италијанскиот диригент Џанлука Мартиненги ќе биде нов шеф-диригент во Македонската опера и балет во претстојната сезона.
- По исклучително успешната премиера на операта „Турандот“ во март годинава, предводена токму од маестро Мартиненги, раководството на МОБ го ангажира како шеф-диригент за претстојната театарска сезона 2016/2017 година. Мартиненги ќе се посвети на уметничките подготовки на солистите и ансамблите за претставите во МОБ. Континуираната работа на маестрото ќе придонесе за подигнување на уметничкиот квалитет и восприемањето на оперските претстави, соопшти Македонската опера и балет.
Под раководство на Мартиненги, публиката ќе има можност да ги проследи оперите: „Севилскиот бербер“, „Лучија ди Ламермур“, „Дон Џовани“, „Тоска“, „Паљачи“, „Кавалерија Рустикана“ и „Џани Скики“.
МОБ ја пренесува неодамнешната изјава на Мартиненги во интервју за „Iteatridellest“ во Италија, во кое истакнува: „Во оваа земја пронајдов музичари со вистински талент. Меѓу нив и такви со меѓународни кариери. МОБ бил домаќин на бројни престижни солисти, на оперскиот фестивал „Мајски оперски вечери“ и има капацитет самостојно да создава светски продукции“. За публиката, пак, вели дека е „....различна, но дека сосема добро ги разбира вредностите кои се презентираат, непребирлива, но коментентна“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
