Македонија
24. јуни 2019 - 12:32

Џамбазки за изјавата на Пендаровски: Ова е голем чекор напред!

Европратеникот и заменик-претседател на бугарската ВМРО, Ангел Джамбазки,  ја оцени изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека Гоце Делчев се дефинирал како Бугарин како добар чекор против „50 години бесно антибугарство“.

За изјавата на Пендаровски дека Гоце Делчев бил идентификуван како Бугарин и се борел за автономна автономна Македонија, Џамбаски во денешното гостување на Бугарската национална телевизија (БНТ) вели вели:

„Ова е голем чекор напред. По години на фалсификати, по години на фалсификувана кражба на бугарската историја, на безобразни злоупотреби, актуелниот претседателот на братската Македонија вели дека е историскиот факт -дека Гоце Делчев е Бугарин“.

Делот од изјавата дека Гоце Делчев се борел за независна Македонија за Џамбаски е „апсолутно невистинит“.

Тој тврди дека документите на македонските организации, вклучувајќи на ТМОРО и ВМОРО, јасно покажуваат дека борбата за автономија на Македонија била прв чекор кон натамошно соединување, по моделот меѓу Кнежеството Бугарија и Источна Румелија.

Џамбаски упати и сериозна закана:

„Оттука натаму евентуалните преговори за членство на Македонија во Европската унија ќе минуваат низ демонтирање на лажната надградба на македонската државност. За нас не постои сомнеж – поимот ‘македонска нација’ има свој датумот на раѓање – 2 август 1944 година во манастирот” Прохор Пчински ” кој понатаму беше наметнат со националното предавство на некои лидери во Софија по 1944 година“.