-->
-->
„Џаиш ал Ислам“ договори евакуација на повредените од Источна Гута
-->
Најголемата бунтовничка група во сирискиот регион Источна Гута соопшти дека се договорила со руските сили за евакуација на повредените од енклавата.
Групата „Џаиш ал Ислам“ (Армија на исламот) наведе дека договорот со Русите е постигнат со посредство на Обединети нации. Повредените ќе бидат евакуирани етапно, но не е прецизирано дали Источна Гута ќе ја напуштаат цивили или бунтовници.
Исто така, не е познато кога ќе почне евакуацијата и каде ќе бидат одведени евакуираните.
Офанзивата на сириските владини сили за враќање на контролата врз Источна Гута почна пред повеќе од три недели, при што загинаа над илјада цивили. Офанзивата има руска воена поддршка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален