Џафери - Вајгл: Европскиот парламент ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ

Во Собранието на Република Македонија денеска се одржа средба меѓу претседателот на Парламентот Талат Џафери и пратеникот на Европскиот парламент Иво Вајгл, кој престојува во посета на Македонија.
Претседателот на македонското Собрание го информирал европратеникот Вајгл за тековните случувања на политички план и за планираните активности на Парламентот до крајот на годинава.
Од собраниската прес-служба информираат дека европратеникот и известувач за Република Македонија во Европскиот парламент се заблагодарил за можноста да се сретне со претседателот на македонското Собрание и да поразговара за промените коишто се случуваат во насока на исполнување на обврските поврзани со евроинтеграциските процеси.

- Европскиот парламент ја поддржува Република Македонија на патот кон Европската Унија и се работи на тоа земјите од Западен Балкан да имаат еднаков третман во регионален контекст, се вели во соопштението.
На средбата станало збор и за можноста за отпочнување дијалог меѓу различните пратенички групи во Собранието на одредени теми. Овој дијалог, под покровителство на Европскиот парламент, има за цел да придонесе кон создавањето на позитивна атмосфера во Собранието на Република Македонија и подобра комуникација на опозицијата и власта по однос на одредени прашања.
- Собранието на Република Македонија и понатаму останува посветено на реформите кои се неопходни за приближување до Европската Унија и добивање на позитивна препорака од страна на Европската Комисија во првата половина од следната година, велат од македонското Собрание.
Ново на Сител
-

Пожарот во Пробиштипскиот регион е изгаснат, изгорени овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа
-

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
-

Мицкоски: Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза
-

МВР: При петрес во Македонски Брод пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Стартува осминафиналната фаза на Светското првенство во фудбал
-

Министерот за јавна администрација Минчев ја честита 250 годинишнината од независноста на САД
-

НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош
