Џафери се сретна со Карчевски, претседател на полскиот Сенат
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, кој од денеска во Варшава учествува на Третиот самит на претседатели на парламенти од Централна и Источна Европа и на прославата на 550 години од првата седница на Сејмот на Полска, се сретна со Станислав Карчевски, претседател на полскиот Сенат.
Џафери, како што соопшти неговиот Кабинет, изразил благодарност за постојаната поддршка од Полска на реформските активности на Македонија како и за силната и реафирмирана поддршка на нејзините евроинтеграциски интеграции.
Со Карчевски размениле мислења за актуелните случувања во двете држави, соработката во рамки на меѓународните организации и можностите за почнување на нов вид соработка на земјите од тој дел од Европа.
- Фактот што Полска ја поддржува Република Македонија е од особен интерес за нас, ако се има предвид нејзината важна улога во регионот, односно Република Полска е вклучена во Берлинскиот процес и следниот самит во 2019-та година ќе се одржи токму во Варшава, навел Џафери.
Карчевски, стои во соопштението, истакнал дека присуството на Џафери на Самитот е одличен знак за определбата и улогата на Македонија во регионот за градење добрососедски односи и регионална соработка за градење заеднички политики и реализирање заеднички проекти во полза на граѓаните.
- Од двете страни позитивно е оценет досегашниот развој на билатералните односи и соработката меѓу двете земји, при што оваа година се одбележуваат и 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Овој јубилеј, заедно со јубилејот на 100- годишнината од осамостојувањето на Полска, се одлична можност за унапредување на меѓусебната соработка, се вели во соопштението.
На средбата било констатирано и дека отворањето на редовната авиолинија Скопје – Варшава на полскиот национален превозник ќе придонесе за зајакнување на односите меѓу двете држави.
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време