Џафери се сретна со директорот на Комисијата за социјални развојни работи на кинескиот Парламент, Јитинг
– Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска имаше средба со директорот на Комисијата за социјални развојни работи на Сeкинескиот народен конгрес, Хе Јитинг, кој престојува во официјална посета на земјава.
Како што соопшти кабинетот на Џафери, на средбата биле поздравени пријателските односи кои се развиваат во духот на меѓусебното разбирање и взаемното почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и рамноправноста на двете земји.
Директорот Хе, како што се наведува во соопштението, информираше за работата на Комисијата за социјални развојни работи, како една од десетте комисии на Сeкинескиот народен конгрес, која се занимава со прашања на вработувањето, социјалната заштита, безбедноста при работа, заштитата на правата на жените и децата, и тоа преку својата законодавна и преку надзорната функција за спроведување на донесената регулатива.
Џафери на средбата се осврнал на новиот Закон за социјална заштита донесен од Собранието, со кој се зголемуваат обврските на институциите за одредени категории на граѓани и изрази спремност за споделување на искуства во решавањето на одредени прашања од социјалната сфера.
Во соопштението се посочува дека двете страни се согласиле дека директните средби и размената на мислења и искуства значително придонесуваат за унапредување на пријателските врски меѓу двете држави и за создавање на поволен амбиент за соработка во различни области од заеднички интерес.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина

