Џафери: Пораката на Фон дер Лајен е јасна – во предлогот стои македонски јазик и се почитува националниот идентитет
– Претседателот на Собранието, Талат Џафери на Фејсбук објави дека пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при обраќањето пред пратениците е јасна – во ревидираниот предлог стои македонски јазик и се почитува националниот идентитет.
– Јасната порака на Фон дер Лајен: внимателно ги слушав сите грижи искажани во однос на македонскиот јазик и идентитет. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа. Затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик, без квалификација од ЕУ. Предлогот го почитува исто така вашиот национален идентитет. Принципот на самоидентификација е важен за секој од нас. Можете да сметате на мене – како Претседател на Европската комисија да осигурам дека процесот на пристапување строго ќе ги почитува европските принципи и стандарди. Имате успешно мултиетничко општество, стои во објавата на претседателот на Собранието на Фејсбук. бак/сп/
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз