Џафери-Палмер: Македонија посветена на интеграцијата и реформите, САД ќе продолжи со поддршката
Интеграцијата во НАТО и ЕУ останува врвен, државен, политички и стратешки приоритет на Република Македонија. Законодавниот дом се приклучува кон заложбите за реформските процеси кои се приоритет како на парламентарното мнозинство така и на сите политички чинители во државата, при што и конструктивноста на опозицијата е од суштинско значење.
Ова го истакнал претседателот на Собранието Талат Џафери на средбата со Метју Палмер, директор на Канцеларијата за јужна и централна Европа во Стејт Департментот во Вашингтон. Џафери, кој е во работна, посета на САД додал дека во насока на интеграција на земјата поддршката од УСАИД е повеќе од добредојдена и значително придонесува во демократскиот развој на земјата, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието.
САД се грижат за демократските процеси и владеењето на правото во Република Македонија, бидејќи во неа гледаат посветен партнер кого ќе продолжат да го поддржуваат и во иднина, истакнал на средбата Палмер. Тој, се наведува во соопштението, изрази висока почит за исклучителната улога на претседателот Џафери во олеснувањето на транзицијата на власта и враќањето на функционалноста на законодавниот дом.
За време на средбата двајцата соговорници разговараа за актуелните политички случувања во земјата при што, како што стои, се согласиле дека судската власт треба да е независна и транспарентна во донесувањето на одлуките но, и да води сметка за интересот на државата и доброто на граѓаните.
Ново на Сител
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
-

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме
-

АХВ: Угостителските објекти во Гостивар ја почитуваат забраната за користење на водата
-

Син го претепал таткото и му се заканувал дека ќе го убие
-

Владата ќе ги обесштети штетите од невремето, граѓаните да поднесат пријави
-

Татко без согласност ја одвел 10-месечната ќерка во Швајцарија
-

Ја претепал сопругата, па и се заканил со палење на куќата - ОЈО бара притвор
