Џафери: Очекуваме ЕУ да стои на својата определба за отворени врати
Претседателот на Собранието Талат Џафери во заедничката изјава на државниот врв по примањето на Извештајот од Европската комисија во претседателската Вила Водно рече дека Извештајот јасно покажува дека Република Северна Македеонија целосно ги има постигнато и исполнето препораките од Самитот на Европската унија минатиот јуни за можноста до овој јуни да ги исполниме тие препораки што, рече, е доказ дека ние нашиот дел сме го завршиле.
– Во тој контекст, очекуваме овој Извештај да биде дополнет со она што е одлука на ЕУ за определување датум за отпочнување на претпристапните преговори, со што уште еднаш ќе докаже дека ЕУ си стои на определбата за отворени врати за проширување. Со тоа уште еднаш ќе биде дадена шанса на тоа што беше придонес, посебно на нашите граѓани, кои макотрпно, безусловно нè поддржаа на ова патување за да дојдеме до овој конечен успех, за Извештајот да биде безусловен, истакна Џафери.
Ново на Сител
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
-

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари
-

АХВ спречи увоз на над 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин
-

Германски државјанин поседувал марихуана при влез во државава
