Џафери: Неопходна е засилена економска дипломатија и поддршка од меѓународните пријатели

Ние сме мала земја, со ограничени ресурси и мора да се води сметка за балансот меѓу задолжувањето и растот на економијата, порача денеска претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на Скопскиот економско финансиски форум (СЕФФ).
Според него, нашата активност во надворешната политика и искористувањето на можностите од регионалната соработка и евроатлантските перспективи, е добра основа за очекување поддршка од нашите меѓународни пријатели.
Џафери оцени дека неопходноста од постигнување рамнотежа меѓу енергетската сигурност и храна за граѓаните, може полесно да се преброди само со поддршка од европските инстутиици банки. Економската дипломатија, пак, може да направи многу за зајакнување на регионалната соработка и европските перспективи.
-Ситуацијата може да се преброди со поддршка од нашите меѓународни пријатели, од европските инстутиции и банки, а тоа што нивни претставници се дел од форумот, е охрабрувачки сигнал. Во наша моќ е олеснувањето на условите за водење бизнис и за привлекување инвестиции, но, активноста на надворешната политика, како и искористувањето на меѓународната и регионалната соработка е добра основа за очекување поддршка од нашите меѓународни пријатели, истакна Џафери.
Според Џафери, земјава мора да инвестира во квалитетен човечки капитал преку квалитетно здравство и образование. Младите, истакна, треба да се вклучат во креирањето на локалните политки за животна средина, а од витален интерес е и регионалното инфарструктурно поврзување кое ќе ја поттикне трговијата и енергетската сигурност.
-Неоходна е поддршка на иновации и нови технолгоии, градење силни, независни инстиутции, владеење на правото , борба против корупцијата и организираниот криминал, подвлече Џафери.
Во врска со руско-украинскиот конфликт, спикерот истакна дека за жал, не се гледа брзо решение, а секое такво пролонгирање значи дополнително усложнување на ситуацијата што влијае врз бизнисот, инвестирањето, работната сила, одливот на мозоци и платежната моќ наспроти зголемувањето на цените.
-Како одговорни за одржливиот раст, развој и напредок на државата, мора да дадеме максимален придонес за надминување на тешкотиите предизвикани од овој нов глобален предизвик – војната во Украина, рече Џафери.
Почесен гостин кој го отвори вториот ден од конференцијата, беше претедателот Стево Пендаровски. Тој укажа на потребата од градење модел на економски раст отпорен на кризи.

-Во периоди на нарушување на нормалноста, отпорноста зависи од нашата адаптибилност и одлучност. Нашиот одговор треба да соодветствува со домашните специфики. Ако сакаме одржлив напредок, прв приоритет е да го преобмислиме моделот за економски развој, доколку нашата амбиција, секако, не е само да опстанеме, туку и да напредуваме. Можеби краткорочно некои од овие политики ќе бидат болни, но долгорочно тие се неопходни и корисни, рече Пендаровски.
На СЕФФ денеска ќе се дебатира на темите „Енергија и зелена транзиција“, „Инфраструктура, поврзаност и трговија“, „Финансиски иновации и инвестиции во услови на неизвесност“, „Нови предизвици за добро владеење“ и „Човечкиот капитрал во 21 век“.
Ново на Сител
-

Муцунски: Одговорноста е важна, ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија
-

Каде е македонскиот студент на мапа? | Ангела Василевска и Александар Николовски | Sitel Podcast 133
-

Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер
-

Пронајден е починат исчезнатиот Македонец Стивен Ивановски
-

ЦУК: Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите
-

Приведен 34-годишник од тетовско, со остар предмет му се заканувал на градоначалникот на Желино
-

УЈП: Во 2025 година во националниот буџет собрани над четири милијарди евра од даноци и социјални придонеси
-

Мицкоски: Пензиите се зголемуваат, а сиромаштијата се намалува
