Џафери: Не може да има Комисија за Виктор Димовски без да се види дали некој прислушкувал
Собранискиот спикер Талат Џафер потврди дека ја суспендирал Комисијата за надзор на АНБ за отчетот на директорот Виктор Димовски за случајот Онишченко.
Џафери вели нема услови да се продолжи комисијата со рaбота додека не се утврди која била причината и дали некој е одговорен за безбедносниот инцидент кога тонски протече отчетот на Димовски на собранискиот јутуб канал иако седницата беше затворена. Џафери негира дека тоа е намерно одлагање на Комисијата на Димовски.
- Мора да знаеме како се случи тоа. Дали е случајно, дали е човечка грешка, дали некој прислушкувал. Тоа МВР ќе си утврди, го чекаме нивниот извештај. Ние како Собрание немаме можност да направиме таков стручен надзор - вели Џафери на брифинг со новинарите.
Сепак тој признава дека во случај на итна седница од затворен карактер парламентот и во овој момент може да одржи таква седница и без извештајот на МВР.
Од друга страна, собранискиот спикер информираше дека пропадна и петтиот тендер за изградба на т. н. Глува соба во Собранието, која е НАТО услов и со која ќе се надминат вакви пропусти.
Не бил избран ни еден понудувач бидејки имало технички пропусти во понудите. Цената на тендерот е над 33 милиони денари, односно половина милион евра.
Планирано е глувата соба да биде адаптирана просторија во внатрешноста на парламентот, без контакт со надворешни ѕидови. Нов тендер се планира на почетокот на наредната година.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
