Македонија
12. March 2019 - 16:19

Џафери ќе одлучува за законите кои Иванов не ги потпишува

Пред да заминат на пауза на 1 април поради претседателските избори, пратениците по втор пат ќе гласаат 11 закони што претседателот Ѓорѓе Иванов деновиве ги вратил во Собранието без негов потпис, коментираат собрнански избори од власта откако шефот на државата во заминување реши повторно да го искористи суспензивото вето.

Од кабинетот на Џафери соопштија дека Иванов ги вратил законите што биле донесени на 28 февруари и 4 и 6 март, набрзо по стапувањето на сила на уставните амандмани. Образложението што го дал Иванов е дека дека во извршувањето на функцијата, секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот и, како што навел, ќе ги брани интересите на „Република Македонија“.

Од кабиентот на Иванов засега нема коментар за ваквата постпака. Се претпоставува дека тој не ги потпишал указите на законите бидејки во нив се користи новото име Северна Македонија, за кое Иванов се изјасни дека нема го применува.

За владејчкото мнозинство Иванов на овој начин ги блокира реформите и нема право да се меша во законодавната власт.

За опозицијата Иванов си ја искористил својата уставна можност.

За вратените закони треба да се обезбедат минимум 61 пратенички глас. Ако Иванов и по прегласувањето на законите не го потпише указот, тогаш  во игра се две опции. Првата е да објавуват законите во „Службен весник“ само со потписот на собранискиот спикер Талат Џафери, како со Законот за јазици и ратификацијата на Спогодбата од Преспа. Втората опција е да чека новиот шеф на државата кој треба да седне во претседателската фотелја веќе на 13 мај.

Меѓу вратените законите се измените во законите за ОТА, за служба во АРМ, законите за електронски комуникации. Без претседателски потпис остана и задолжување на Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, и законот за субвенционирање станбен кредит.

Синоќа на полноќ истече рокот и за потпишување на указот на законите за судови, прекршоци и управна постпака кои се носат со 2/3 мнозинство, а за кои според Уставот Иванов е должен да стави потпис. Нема официјална информација дека овие закони исто така се вратени во парламентот, но пратеници велат дека го очекуваат и тој потег од Иванов.

Минатата седмица,пак, од „Службен весник“ соопштија дека во иднина нема да објавуваат одлуки и укази кои се неуставни, затоа што на нив стои старото име на државата. Причина за таа реакција, беше последната објава на неколку укази на одлуки на Иванов.