Џафери им го честита Божиќ на православните христијани
Претседателот на Собранието, Талат Џафери на припадниците на православната вероисповед во негово и во име на пратениците во Собранието го честита големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ со желби за добро здравје, душевен мир и семејна благосостојба.
- Во овој период од годината кога после Новогодишните празници се празнува еден од централните празници на христијанството, Божиќ, се овозможува повторно на сите граѓани кои го слават, меѓутоа и на сите кои се во нивна близина, сограѓаните, соседите, пријателите и соработниците, да ја почувствуваат магијата што ја создава празничната атмосфера. Тоа е уште една прилика да се почувствуваат топлите прегратки, да се видат широки насмевки и да се чујат убави и благородни мисли на взаемна почит, разбирање, сочувство и солидарност а тие се неопходни во овие времиња на предизвик за човештвото и светот воопшто. Нека Ве водат позитивни мисли, нека бидат повод да правиме добри дела, заедно, и индивидуално. Секој гест, колку и да е мал и безначаен, е капка во бранот што не води напред нас и Република Северна Македонија. Само заедно сме силни, само со подадена рака сме значаен фактор и пример за регионот. Да рефлектираме надеж, за да имаме надеж во мир, напредок и благосостојба за сите во иднина. Среќни Божиќни празници! - стои во соопштението испратено од претседателот на Собранието.
Ново на Сител
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
