Џафери и Ковачевски планираат оставки во четврток, за ВМРО-ДПМНЕ противуставно е предлог со нецелосна Влада
И со неизвесен состав на техничката влада за изборите владиниот кабинет на Ковачевски ги брои последните денови. Иако парламентот е клучен во постапките врзани со оставките и изборот на привремената влада, од кабинетот на Џафери велат дека тоа не било тема утрово на координацијата во неговиот кабиент.
Сепак, ги потврдуваат договорените датуми од претходната координација. Спикерот Џафери, кој е предлог за технички премиер и Ковачевски оставките би требало да ги поднесат во четврток. За во петок е планирана нова седница, на која тие ќе бидат констатирани. На оваа седница ќе треба да се избере координаторот на СДСМ Јован Митрески за нов претседател на Собранието. Џафери ќе го добие мандатот од шефот на државата Пендаровски во петок или сабота. Веднаш потоа, тој ќе мора да предложи програма и состав на својот владин кабинет. Изборот на владата на Џафери треба да биде направен викендот, најдоцна до полноќ 28 јануари.
Сепак, од кабиентот на Џафери, велат дека спикерот не сака да ги коментира политичките изјави на СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ околу тоа дали ќе се предложи нецелосен состав на Владата.
Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат изјавите да се предложи Влада без имињата на опозициските министри и заменици е политички аматеризам и противуставно.
„Многу јасен е законот за влада, каде во член 3 вели дека мандатарот предлага министри за министерствата утврдењни со закон и министри без ресор. И тука ставаме точка и тоа е тоа што треба да го иаспочитува мандатарот. Додуша ние од кандидатот за мандатар се уште немаме слушнато изјава за ова, но можеме да ги насочиме да го погледант член 3...“
Од ВМРО ДПМНЕ стојат на ставот дека тие ќе предложат свои кандидати за министри и дополнителни заменици и тоа ќе го направат до крајот на оваа недела. Веќе е планирана и седница на извршниот комитет на партијата за среда вечер.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар