Џафери: Барањето на Комисијата за надзор над ОТА за обезбедување средства за ИТ експерти е испратено на погрешна адреса
Барањето на собрансиката Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите за обезбедување средства за ангажирање ИТ-експерти е испратено на погрешна адреса, вели претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери запрашан за писмото со вакво барање кое до него го испратил претседателот на оваа Комисија Емил Димитриев уште во ноември.
Тој појаснува дека со Законот не се предвидени средства за оваа намена, и оти нема ниту законски основи да изврши пренамена на средства од други ставки, бидејќи тоа би било злоупотреба на функцијата.
Според Џафери, терба да се направат измени на Законот или Комисијата да си донесе свој деловник согласно кој ќе ја уреди својата работа и ќе може да пропишува и обврски, што досега, вели не е направено.
-Не бегам од обврските, но сакам да ги читаме законите како што се напишани, нагласува Џафери.
Денеска Комисијата за надзор над спроведувањето на посебни истражну мерки следење на комуникациите од страна на МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана ќе одржи седница на која ќе расправа за Годишниот извештај на работаат на Оперативно-техничката агенција-ОТА за 2018 година.
Ново на Сител
-
Ден по Велигден ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ | ВИДЕО
-
Кривична за 49 лицa кoи вршeлe злоупотреба на постапката за стекнување со туѓа нега и инвалидски пензии
-
Камион товарен со дрва во обид да избега од полицијата и излетал од патот
-
Шојгу: Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје во случај на агресија од Западот
-
Приведени три лица од Куманово, при претрес на дом пронајдена е дрога
-
Засега нема нова распределба на пратеници, вели Гаши
-
МЗ ќе набави 100 амбулантски возила, ќе се распределат низ болниците во државата
-
Во странство се лекуваат 44 повредени пациенти од пожарот во Кочани