Плакарт и Скопје постер фестивалот на Неделата на дизајн-One во Пловдив
Плакарт и Скопје постер фестивал од 10 до 19 јуни ќе учествува на 8. издание на One Design Week, во Пловдив, Бугарија, кој важи за еден од највпечатливите дизајн фестивали од Балканот.
Неделата на дизајн во Пловдив ќе биде отворена в петок, кога како дел од официјалната програма ќе биде претставена изложбата на плакати од 8. Скопје постер фестивал на тема „Сите за луѓето со хендикеп“. Плакатите ќе бидат изложени во Домот на културата „Борис Христов“, каде внедела во рамки на програмските активности Плакарт ќе одржи презентација на тема „Меѓународниот студентски конкурс за плакат промотор на социјалниот плакат. Влијание врз свеста на луѓето за општествени и глобални проблеми“.
На фестивалот покрај Дизајн форумот, во кој оваа година учествуваат значајни дизајн професионалци како Еисуке Тачикава, Адам вон Хафнер, Петер Мариголд, Стевен Серато, ќе се одржаат изложби, работилници, концерти, проекции, дебати, настани наменети за деца.
One Design Week е во организација на ЕДНО, платформата која ги организира и фестивалите One Architecture Week и One Dance Week. Сите три фестивали првично се организираа во Софија, а од пред неколку години се под покровителство на општина Пловдив.
Ново на Сител
-
Снег во Србија и Црна Гора
-
Палевски презентира докази за бројот на учесници во грабнувањето на Жежовски
-
Приведен 31-годишник од Македонска Каменица, возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола
-
За хаваријата во Пинтија вчера постапува Инспекторатот, вели Меџити
-
Раст од 1,8 проценти на вкупниот промет во индустријата во март годинава
-
Поднесено обвинение за силување против 37-годишен скопјанец
-
Џастин Бибер ги отфрли наводите дека Диди сексуално го злоупотребувал
-
Приведен 40-годишен маж од Росоман, со стаклен предмет си го нападнал својот татко