Ѕанакопулос: Промена на уставното име доколку сакаме да стигнеме до решение
Промена на уставното име е една од правните обврски за да се постигне договор, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката ТВ Алфа.
Прашан за натписите во медиумите за евентуален грчки план „Б“ за потпишување договор со меѓународните организации, без да мине низ парламентите на двете земји, Ѕанакопулос вели дека „не постои никакво меѓународно прашање што може да се реши без меѓународен договор“, што содржи конкретни обврски за двете страни, јави дописникот на МИА од Атина.
-Што правиш кога треба да решиш еден билатерален проблем? Се договараш за еден правно обврзувачки текст што ги опишува обврските на двете страни. Односно, грчката страна ќе го признае соседот под името што ќе биде договорено, а соседот ќе се согласи. За грчката страна да го признае ова име и да преземе конкретни обврски една од нив ќе треба да е, како што многупати имаме јасно кажано, е промена на уставното име. Поранешната југословенска Република Македонија ќе ја преземе правната обврска да го промени уставното име, доколку сакаме да стигнеме до решение, вели Ѕанакопулос, говорејќи за грчката ТВ Алфа.
Во однос на тоа дали Атина бара промена Уставот само поради името или, пак, смета дека треба да се направат измени и на одредени членови, Ѕанакопулос објаснува дека постојат различни правни толкувања и тоа е дискусија што се води на политичко и правно ниво.
Ново на Сител
-
Законот за заштита на децата се врати во Собрание со забалешките на претседателката Сиљановска
-
Кон средината на февруари се очекува пикот на заразени со грип
-
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен