Двосменско работење во повеќе институции и во градинките
Во повеќе институции од денеска се воведува двосменско работење.Царинската управа, Управата за водење на матични книги, МВР, подрачните отсеци во Секторот за управно-надзорни работи, Одделот за граѓански работи, Министерството за одбрана - одделенијата за одбрана на регион со градовите и општините во состав се институциите, први ќе почнат да работат во две смени.
Работното време во овие институции ќе биде од 7:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, а ќе се работи и првата сабота од месецот, но само во една смена од 8:00 до 16:00 часот.
Втора смена се воведува и во градинките, кои ќе згрижуваат деца до 21 часот и 30 минути. Работна ќе биде и секоја прва сабота од 8 до 16 часот.
Што се однесува до флексибилното време кое ќе се воведе, работниот ден ќе трае 8 часа со што почетокот на работното време ќе биде меѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршувањето меѓу 15:30 и 16:30 часот. Ова работно време ќе важи и за министерствата.
Владата овие реформи ги воведува со цел да им излезе во пресрет на потребите на граѓаните.
Ново на Сител
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија