-->
-->
Двосменско работење во Град Скопје, услуги за граѓаните до 19:30 часот
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2017/november/d2q3rfewgre-149177.jpg?itok=sp6EjHQ_)
- Од следната недела во бараката број 16 во Град Скопје ќе се работи двосменски, од 7:30 до 19:30 часот. Во текот на работењето ќе има две паузи, од 11:30 до 12 часот и од 14:30 до 15 часот.
Ова на денешната прес-конференција го соопшти градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
Граѓаните во барака 16 можат да регулираат данок на промет, наследство и подарок, данок на имот и комунална такса-фирмарина.
- Работиме интензивно веќе на подготвување на реален едношалтерски систем во кој граѓаните ќе можат оние активности кои се врзани и со градската адиминстрација да ги извршуваат и на шалтерите на централната власт и на скопските општини со цел услугите кои ги дава Град Скопје да бидат транспаренти, едноставни и лесно достапни за секој наш сограѓанин, рече Шилегов. Додаде дека ова е едно од изборните ветувања.
Тој потенцира дека ова е почеток на работење на новата градска администрација. Најави дека наскоро ќе бидат презентирани активностите кои ги преземаат со цел да се подобри услугата и транспарентноста на Град Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово
-
Во Кисела Вода почнува акција за бесплатно собирање кабаст и електронски отпад
-
Активности на премиерот Мицкоски на Безбедносната конференција во Минхен
-
Тексас го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени