Loading Video...
Свет
25. November 2021 - 12:24

Двонеделен локдаун во Словачка

Словачка од денеска воведува двонеделен локдаун поради енормното зголемување на заразените лица со Ковид-19.

Затворањето на земјата го најави претседателката на Словачка, Сузана Чапутова која истакна дека земјата ја губи биката со коронавирусот и оти е потребно заклучување на сите граѓани.

- Се затвораат кафулињата рестораните и сите прехрамбени дуќани од четврток додека училиштата и понатаму ќе одржуваат настава. Освен во некои исклучителни ситуации жителите ќе можат да излегуваат од дома само за купување основни намирници, за на работа, во училиште или посета на лекар, велат надлежните. 

Словачка во вторникот регистрира повеќе од 10.000 новиозаразени со Ковид-19 првпат од кога почна пандемијата. Ова е втора европска земја која воведува екстремни мерки откако претходно Австрија влезе во 20 дневен локдаун поради истите причини.