Македонија
3. October 2018 - 17:59

Двојно зголемен бројот на болни од рак на дојка

Пред една деценија на скопјанката Снежана Стојановска на мамографија и откриле рак на дојка. После 2 години и бил опериран карцином и на другата града. Таа вели дека навременото дијагностицирање на болеста и го спасил животот.

- Сите треба да одат на мамографија и ехо. Сегогаш сами неможеме да го напипаме. Ако се открие на време се спасува живот, вели Снежана Стојановска од Скопје.

Иако раната дијагностика е клучна за успешно третирање на ракот на дојка, од невладината “Борка” реагираат дека летово пациентки со месеци чекале “Мој термин” за мамографија.

 -“Борка“ реагираше до министерството за здравство да се направат  измени во Мој термин, и да не чекаат долго пациентки кои мора да направат мамографија пред контролниот прегед. Се чекаше 3-4 месеци, изјави Биба Додева, претседател на Борка.

Освен за дијагностиката од здружението бараат на позитивната листа да бидат ставени современи лекови за метастатски карцином кои го продолжуваат животот на пациентите.

Инаку во Македонија годишно има по 1200 новооткриени случаи со рак на дојка. Бројката за една деценија е двојно зголемена. За подигнување на свеста за болеста во недела 10-ти пат по ред ќе се одржи манифестацијата “Напред розово”.

Александар Динев Сител телевизија