-->
-->
Двојна круна за Ристовски и Жута
-->
По освојувањето на трофејот во Хрватска, фудбалерите на Ријека во чии редови настапуваат македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута освоија и трофеј во националниот куп откако го совладаа големиот ривал Динамо Загреб со 3-1 што е историски трофеј за Ријека која за првпат освојува двојна круна во хрватскиот фудбал.
Двајцата македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута си ги заменија местата на теренот во 85. минута од финалето на хрватскиот куп, а Риека повторно беше подобра од Динамо и се закити со двојна круна.
Риека годинава ја прекина 11-годишната доминација на Динамо во првенството и ја освои првата шампионска титула во клупската историја, а денеска со убедлив триумф во купот стави печат на неверојатната сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток
-
Почнуваат велигденските празнувања