Двојазична поетска книга „Историја на војните“ од Саво Костадиновски
„Македоника литера“ ја објави поетската книга на Саво Костадиновски „Историја на војните“, двојазично: на македонски и на германски јазик.
Книгата содржи шеесетина патриотски и родољубиви песни, тематски поврзани првенствено со историјата на Македонија, нејзините историски премрежиња и пресвртници, значајни настани и знаменити личности, како и поговор и белешки на германскиот македонист и славист Волф Ошлис.
Содржината и концепцијата на книгата ги појаснува и авторот во воведната белешка, во која пишува: „Не сум ниту првиот, ниту последниот писател кој напишал и пишува песни за историјата и за војните. Но, сигурно е дека за една толку опширна и значајна тема, не може многу да се каже, освен најбитното. Имено, јас настојував хронолошки да го опфатам периодот од Александар Македонски, па до најновото време. Опфатено е најзначајното од повеќе области, како, на пример: историјата, војните, некои од хероите, просветителите, некои културни дејци, и други теми, кои ги напишав, објавувајќи ги претходно низ литературната периодика“.
Во поговорот Волф Ошлис, меѓу другото, пишува: „Авторот се сеќава на историјата, културата и судбината на својот народ, историските податоци и настани стануваат предмет на неговото творештво, па затоа трагедијата и волјата за живот на Македонците обработува еден вид на меа рес агитур: Станува збор за нешта кои директно ме засегаат! Тоа е добро и потребно во она време кое изгледа заборавено за Македонија, нешто што е в ред или би требало да е в ред...“
Саво Костадиновски (1950) е поет, раскажувач, препејувач. Роден е во село Горно Ботуше, Македонски Брод. Од 1971 година живее и работи во Германија, а од 1973 година во Келн. Пишува лирика и проза за деца и за возрасни. Објавил четириесетина книги за деца и млади, автор е на поетската книга за возрасни Поезија за поезијата (двојазично издание на македонски и на романски јазик, 2002, на македонски и на германски јазик, 2012), Трите века, биографско-хронолошки роман за возрасни (2005).
Добитник е на неколку награди и признанија и е преведуван на српски, хрватски, германски и на романски јазик. Застапуван е во лексикони, избори и антоло¬гии во Македонија и во Германија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија (од 1989 година) и на Сојузот на писателите на Германија (од 1993 година).
Ново на Сител
-
Лидерите на регионот, ЕУ и САД на Самитот за планот за раст за Западен Балкан на 16 мај во Котор
-
Осумдесетгодишник од Теарце со изгореници заврши во болница откако му се запали домот
-
Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот