Двочасовен протест во националната Пошта

Синдикалните организации на Македонска Пошта, денеска од 08:00 до 10:00 организираат протест на членството пред Дирекцијата и во сите подружници на националната Пошта, преку кој ќе побараат исплата на платата за минатиот месец и решение за состојбата во претпријатието.
Во најавата за протестот од Синдикатот на Македонска пошта наведоа дека „поради алармантноста на состојбата и финансиската криза во која е доведена АД Пошта, вработените се загрижени за опстојувањето и иднината на Поштата и работните места“.

-На протестот вработените ќе го изразат револтот и загриженоста од серизноста на состојбите во која е доведена АД Пошта предизвикани од финансиската криза, крајно лошата организација во работењето, необезбедени услови и средства за работа, а најголемата загриженост и револт кај вработените е предизвикано од грубото непочитување на работничките права од страна на работодавачот. Работодавачот и покрај законската обврска за редовна исплата на плата, не им исплати плата на работниците во законскиот рок до 15-ти во месецот, за февруари 2024 година доведувајќи ги работниците до работ на егзистенција и неможност за обезбедување пристоен живот на нивните семејства, вели претседателот на Синдикатот на Македонска пошта Боро Велигденов.
Според Синдикатот, комуникацијата со раководството е на многу ниско ниво, нема слух за проблемите на вработените и не се придржува до договорените ставови, права и обврски.
-Сите досегашни средби со менаџментот не вродија со плод, односно нема спремност за реформирање и реорганизање на друштвото кое е повеќе од потребно. Токму затоа принудени од актуелната ситуација, огромната неизвесност за иднината на нашата компанија и зачувување на работните места, вработените – членови на синдикатите својот револт и незадоволство ќе го искажат на општ протест, најави Синдикатот на Македонска пошта.
Ново на Сител
-

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива
-

Македонскиот народен театар одбележува 81 година
-

Зеленски: Ситуацијата на бојното поле е најдобра во последните 10 месеци
-

Секој електронски потпис издаден во Македонија ќе биде признаен како целосно валиден во Црна Гора и обратно, најави Андоновски
-

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против обвинетиот Денис Асанов за извршено убиство
-

Иран собори борбен авион Ф-35 со нов одбранбен систем
-

Уапсена жена од с. Скудриње, барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци
-

Во недела поради улична трка во Скопје посебен режим на сообраќај
