„Двете принцези“ - роман за деца од Натали Спасова
„Македоника литера“ го објави авантуристичкиот роман наменет за деца „Двете принцези“ на младата писателка Натали Спасова.
- Низ забавна и возбудлива приказна, овој роман ги поттикнува децата да ги прифаќаат разликите, да одбиваат дискриминација и да бидат поотворени кон другите култури и начини на живот. Ги промовира концептите на толеранцијата и мирот, но и хуманоста и споделувањето.
Во дијалозите на две девојчиња е прикажано колку е бескрајна детската фантазија, а во нивните дела, детската храброст. Во свет каде што технологијата веќе го окупира и детството, тие две ја откриваат природата – со сите нејзини убавини, но и опасности, соопшти издавачот за книгата во која цртежите ги направи Тања Вукобрат.
Спасова (1989) претходно го објави и романот за тинејџери „Прва љубов во Розевата улица“, која го напишала на свои 13 години, како и книгата за возрасни „Запалка“ (2014). Таа дипломирала на Факултетот за туризам и менаџмент и магистрирала во областа на руралниот туризам.
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари