Двегодишен биланс од ветингот во Албанија, 83 судии и обвинители надвор од системот

Од почетокот на процесот, први јануари 2018, до декември годинава, 220 судии и обвинители во Албанија минале низ процесот ветинг.
Независната комисија за квалификација (КПК) потврди дека 94 судии и обвинители останале на своите работни места, додека отпушти се 83 нивни колеги, еден субјект е суспендиран за период од една година, a 16 субјекти завршил процесот на оценување но нема без конечна одлука.
-Бројот на отпуштени од системот се очекува да биде поголем, бидејќи се очекува околу 800 судии, обвинители и правни асистенти во сите три нивоа на судството да поминат низ ситото на ветинг,наведува Ора њуз телевизија.
Според КПК, за судиите и обвинителите кои до сега се разрешени главна причина е што не можеле да објаснат од каде им е стекнатиот имот, додека во неколку случаи тоа е поради непрофесоналност,бидерјќи донесле неправедни решенија.
-Но, ова е само прво филтрирање, бидејќи во 90 отсто од случаите потврдени од првостепениот орган, Јавниот комесар го искористи правото на жалба со отстранување од системот на имиња како што е Бесник Мучи, за кого неодамна шефот на државата потпиша указ за член на Уставниот суд,потоа членот на Високиот совет на обвинители, (КЛП), Гентиан Османи, како и други судии и обвинители, кои успешно ја поминале првата скала на проверка, но паднале во Посебниот апелациски колегиум (КПА),независна институција,која меѓу другото има задача да ги оценува одлуките на КПК, наведува телевизијата.
Исто така, второто ниво на проверка се одвива со побавна динамика од првото ниво, додека бројот на решенија е мал.
Но, сите судии и обвинители разрешени од второстепената институција правдата ја побарале пред судот во Стразбур, кој ма разгледано неколку жалби, но се уште не донесе пресуда што ќе послужи како практика за другите субјекти.
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
