Две жртви во Франција по шампионското славје
Спорт
(Видео) Прославата во Франција заврши со нереди, има и мртви
Франција во неделата ја освои својата втора светска титула во фудбал во Русија со 4:2 победата над Хрватска, по што, нормално, на улиците на сите поголеми градови се славеше, за на крај да заврши со нереди, апсења, и дури смртни случаи.
Во Париз, каде …
Објавено пред
57 минути
Од

Франција вчера ја освои својата втора светска титула во фудбал во Русија со 4:2 победата над Хрватска, по што, нормално, на улиците на сите поголеми градови се славеше, за на крај да заврши со нереди, апсења, и дури смртни случаи.
Во Париз, каде што над 100.000 луѓе се собраа пред Ајфеловата кула, по мечот почнаа проблемите кога славјето излезе од контрола, и на крајот беа повикани специјалните сили кои со водени топови и со гумени куршуми мораа да го враќаат мирот на улиците. Стотина хулигани се качија на едно полициско возило во центарот на градот.
Имаше и два смртни случаи – во алпскиот град Анеси, 50-годишен навивач починал откако скокнал во еден канал, а во Сан Феликс во северна Франција, 30-годишник при славјето се заби во дрво.
Ново на Сител
-
Зошто пожарот во „Пулс“ беше толку смртоносен?
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
Истрагата за пожарот - убиец проширена со седумина полициски службеници
-
Притвор за приведените полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Владата препорачува утре да биде неработен ден во Кочани
-
Манев: Палчо запали цигара откако ја закопавме Вања, ги чистеше лопатите со спреј за да прикрие траги
-
Приведени 7 полициски службеници