-->
-->
Две жени повредени во Скопје возејќи велосипед
-->
Синоќа во 23.00 часот на крстосница од булевар „Илинден“ и булевар „Свети Климент Охридски“ во Скопје, В.Ј.(27) од Гевгелија, управувајќи велосипед, изгубила контрола и паднала на коловозот, при што се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Попладнето во 15.30 часот на булевар „Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки упраувано од Љ.К.(56) од Скопје и велосипед управуван од Д.Б.(61) од Скопје.
Во незгодата Д.Б. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот и во двата случаи извршила увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата