Македонија
25. February 2025 - 18:29

Две заторенички физички се пресметале во КП Идризово, едната се здобила со тешки телесни повреди

На 24.02.2025 во 14.54 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 23.02.2025 околу 21.20 часот во женското одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу осуденичките Х.Д. и Е.А., при што Е.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.