Две страотни сообраќајки на автопатот Скопје - Велес, еден возач удри во карпа, другиот во патоказна табла
Вчера во 13,30 часот на автопат Скопје - Велес на место викано „Фазенерија“, се случила сообраќајна незгода во која Т.К. (64) управувајќи патничко возило “Мерцедес Ц180“ со прилепски регистарски ознаки изгубил контрола над управувачот и со возилото удрил во патоказна табла и се здобил со тешки телесни повреди.
Од незгодата со телесни повреди се здобил и неговиот сопатник С.И.(56) од Прилеп, Двајцата со возило на брза помош биле пренесени во Градската општа болница Св. Наум Охридски во Скопје.
Во истото време на автопатот Скопје- Велес се случила сообраќајна незгода во која М.Н. (67) од Штип управувавајќи патничко возило „Санјонг“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во карпа.
По ударот, возилото излетало од патот. Во несреќата М.Н. се здобил со телесни повреди а неговата сопатничка Н.Н. (62) се здобила со тешки телесни повреди. Двајцата со возило на итната медицинска помош се префлени во Ургентниот центар во Скопје каде им е укажана лекарска помош.
Ново на Сител
-
Аморим е добро заштитен доколку Јунајтед реши да го отпушти на лето
-
Ѓоковиќ се враќа во Мајами по пауза од шест години
-
МНР отповика 9 амбасадори назначени од Пендаровски
-
Вкупно 3.035 заболени од грип, раст од 11,3 отсто во споредба со претходната недела
-
Во тешката сообраќајка кај Прилеп загина 75-годишник
-
На Шар Планина спасен чешки повреден планинар
-
Утре во Грција 345 протести на 243 различни локации
-
Приведен поранешниот директор на затворот во Шутка