На Шар Планина спасен чешки повреден планинар

Во координирана акција синоќа бил спасен повреден чешки планинар на Шар Планина. Вчера попладне во 16.42 часот на Единствениот повикувачки број 112 на ЦУК е добиена пријава од чешки планинар - скијач дека еден негов колега – исто така чешки планинар е повреден додека планинареле и скијале на Попова Шапка и дека им е потребна помош.
Како што соопшти ЦУК, по примањето на информацијата дека треба да се извлекува и спасува повреден планинар, на крајот од денот, пред да настапи ноќта кога студенилото се засилува, а видливоста се намалува поради мракот и маглата, раководителот на РЦУК Тетово веднаш стапил во контакт со Националниот „Парк Шар Планина“ од каде што известиле дека тие стапиле во контакт со Горската спасителна служба на Попова Шапка, кои потврдиле дека ги добиле координатите за локацијата на повредениот планинар.
Потоа итно се упатиле со специјализирано возило за движење по длабок снег - „ратрак“, за да го извлечат повредениот планинар од местото на несреќата и да го превезат до центарот „Попова Шапка“. Кон тоа место на преземање на повредениот, паралелно со нивната спасителна акција за извлекување од повисоките снежни делови на Шара, од Итната медицинска помош од Тетово испратиле амбулантно возило со него да биде пренесен повредениот до Клиничката болница во Тетово. Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, покрај ЈП „Национален парк Шар Планина“ и Итната медицинска помош, за настанот биле известени и „Елем Турс“ - државната компанија што стопанисува со Попова Шапка, Полициска станица (ПС) Попова Шапка, а и Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) Тетово, соопштија од ЦУК.
Од ПС Попова Шапка, на почетокот на ноќта, во ЦУК била добиена повратна информација дека повредениот бил безбедно извлечен од планинскиот снежен повисок дел на Шара и на првата можна точката за преземање на асфалтен пат префрлен во возилото на Итната медицинска помош со што почнал транспортот, со медицински надѕор и нега според потребите, до клиничката болница во Тетово.
Ново на Сител
-

Трамп: Иран е принуден да попушти под притисокот на американските и израелските напади
-

Мицкоски: Нафта има, граѓаните треба да бидат спокојни, Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената
-

Мицкоски: Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе
-

На Меѓународниот аеродром Скопје откриени непријавени 150 илјади британски фунти
-

Седум години Ивана била тепана, малтретирана и навредувана од Стојанче, на денот на самоубиството се заканил дека ќе ја убие
-

Ѓорѓиевски: Околу три милиони евра ќе предвиди Градот Скопје во првата фаза за изградба на монтажни паркинзи, приоритет ќе имаат двата паркинга на Клинички
-

Експлозии и сирени за воздушна тревога во Ерусалим
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје утре поради протестен марш по повод меѓународниот ден на жената
