Македонија
6. July 2015 - 15:16

Две сообраќајни несреќи во Штип, има и повредени

Во Штипско денеска се случија две сообраќајни несреќи, во кои има две лица повредини кои се хоспитализирани во штипската Клиничка болница.

Во несреќата на регионалниот пат Штип-Радовиш учествувале трактор и автомобил „Фолксваген Венто“ со штипски регистерски таблички, додека во сообраќајката кај карбинското село Аргулица, учествувале возило „Застава“ и моторциклист.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова информира дека се утврдуваат причините за сообраќајката ка патот Штип-Радовиш, во која со повреди се здобила 28 годишна девојка која е хоспитализирана на Одделението за хирургија во Клиничката болница во Штип.

Во сообраќајната несреќа кај карбинското село Аргулица, моторциклистот се здобил со скршеници на нозете и е хоспитализиран на Одделението за ортопедија.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека е стабилна состојбата на повредените лица во двете сообраќајни несреќи.