Две сообраќајки во Битола - повредени девет лица
СВР-Битола соопшти дека синоќа во градот се случиле две сообраќајки во кои лесно се повредени седум лица, а две се задржани на лекување во Клиничка болница.
Во двете сообраќајки учесници се момчиња од 20 до 30 годишна возраст од Битола и Прилеп, а причините за сообраќајките се истражуваат, истакна Сања Стаматова портпарол на СВР-Битола.
- Првата сообраќајна незгода се случи на булевар „1. Мај“, на раскрсницата со кружен тек, односно на местото викано „Црн Мост“. Во сообраќајката учествувале две патнички возила - „хјунадаи пони“ со битолски регистерски таблици и „фолксваген голф“ со прилепски регистерски таблици. Во двете возила имало по четири патници, сите претрпеле лесни телесни повреди, а едно лице е задржано на лекување во Клиничка болница-Битола, потврди Стаматова.
Во втората сообраќајна несреќа што синоќа се случи на улицата „8.Септември“ во Битола, учествувале момчиња, а едното од нив заради скршеници е задржано на лекување.
- Втората сообраќајка се случи во населбата Горно Оризари на ул.„8. Септември“, а во неа учествувале возач на моторцикл марка „јамаха“ и возач на „форд фокус“ и двајцата од Битола. Заради скршеници моторциклистот е задржан на лекување во Клиничката болница, додека возачот на патничкото моторно возило е пуштен дома. И за оваа сообраќајка нашите екипи поведоа истрага, посочи Стаматова.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите