Две силувања ја потресоа Струмица - сторителот познат на полицијата
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица, поднесе кривична пријава против O.Х (35) Струмица поради постоење на основано соменение дека пријавениот сторил две кривични дела „Силување“, предвидени во член 186 став 1, вв со чл.19 и две кривични дела „Силување“ , предвидени во член 186 став 4 од КЗ на РМ.
Имено, пријавениот на 17.11.2017 година, околу 03.30 часот, со намера да ги присили на сексуален однос лицата Ѓ.С и А.М, насилно ги влечел кон неосветлениот дел помеѓу објектот на Шумска полициска станица Струмица и сендвичара „Тинејџер“ во Струмица, додека истите давале активен отпор и викале да ги пушти. Додека се обидувал да ги одвлече пријавениот гласно кон нив се обраќал со вулгарни зборови.
На 01.12.2017 година, околу 00.40 часот, на ул.„Гоце Делчев“, пред влезот на ЈП„Македонски пошти“, пријавениот ги нападнал лицета Ѓ.С и Т.К, на тој начин што им се нафрлил и почнал да ги фаќа по градите и задникот додека истите давале отпор и викале за помош.
Веднаш по пријавувањето на кривично-правниот настан, Отсекот за општ криминалитет при СВР Струмица превзеде активности во насока на пронаоѓање на сторителот. Вчера (16.12.) од страна на униформиран полициски службеник, при вршење на службена должност, на регионалниот пат Струмица-Радовиш, во близина на бензиската пумпа „Лук Оил“, било забележано паркирно ПМВ и при примена на полициско овластување - легитимирње на лицата во возилото, бил легитимиран и сега пријавениот. Поради основано сомнение дека е сторител на наведените кривични дела, пријавениот е лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Струмица.
Инаку, пријавениот е познат извршител на кривични дела против половата слобода и половиот морал, за кои е правосилно осудуван од Основниот суд во Струмица. На предлог на јавен обвинител од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка