Две седници во македонското собрание

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 108-мата седница на која на дневен ред е Предлог на закон за дополнување на Законот за основање Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје, по скратена постапка.
По оваа, Собранието ќе ја продолжи и 110-тата седница, на која на дневен ред се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за органско земјоделско производство, во второ читање, и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка.
Во законодавниот дом за денеска се закажани и седници на Законодавно-правната комисија и на Комисијата за финансирање и буџет кои ќе го разгледуваат Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, во второ читање.
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
