Македонија
26. January 2019 - 13:40

Две разбојништва во Скопје, жена ограбена на улица и обложувалница на „Партизанска“

Вчера околу 18,00 часот во Скопје пријавено е дека на улица „Бутелска“ непознат сторител извршил разбојништво над В.А.(37) од Скопје и со закана одзел паричник. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Вчера вечер во 23.50 часот во Скопје пријавено е дека во спортска обложувалница на булевар „Партизански одреди“ двајца непознати сторители со закана извршиле разбојништво над вработениот Д.С.(22) од село Вруток и одзеле пари од дневниот промет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.