Тенис
7. јуни 2016 - 21:55

Две победи за Ѓорческа на стартот од фјучрсот во Падова

Две победи постигна македонската тенисерка Лина Ѓорческа на стартот од фјучрсот во Падова што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Најпрвин во сингл по голема борба и пресврти ја совлада Андреа Гамиз од Венецуела со 2-1 во сетови (6:2; 5:7 и 6:1).

Потоа во конкуренција на двојки заедно со Романката Кристина Дину за 58 минути ги победија Фиона Феро од Франција и Тамара Зиданшек од Словенија со 6:2 и 6:2 во сетови.

Ново на Сител