Две момчиња претепани пред гостиварската гимназија
Еден 21-годишник и еден малолетник на возараст од 16 години, синоќа биле згриежни во гостиварската болница откако биле нападнати од десетина момчиња.
Според СВР Тетово, поголема група најверојатно средношколци, на улицата „Живко Брајковски“ пред гостиварската гимназија, нападнале и со клоци и тупаници удирале еден 16-годишник. Во обид да го спречи нападот и да го одбрани момчето, се вмешал и 21-годишен гостиварец, кој случајно се нашол во близина. Групата се нафрилила и на него, нанесувајќи му повеќе повреди по телото и главата. Двајцата побарале помош во гостиварската болница, а повозрасниот е задржан на лекување.
По пријавувањето, гостиварската полиција работи на расветлување на поединостите кои довеле до ова нарушуавње на јавниот ред и мир и идентификување на учесниците.
Ново на Сител
-
Амбер Алерт: Кои чекори треба да ги преземете ако вашето дете исчезне?
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим