Две момчиња од Сарај продавале кокаин, еве како ги фатија
За две лица од скопско поднесена е кривична пријава бидејќи поседувале кесичка со кокаин.
Секторот за внатрешни работи Скопје до скопското Обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Љ. (34) од село Горна Матка и Е.Р. (24) од село Сарај, скопско, поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Како што е наведено во полициското соопштение, на 17-ти овој месец околу 16:20 часот во село Горна Матка, полициски службеници забележале патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки и дале знак за запирање на возилото. Возачот Б.Љ. се обидел да побегне, но набргу потоа бил запрен. Непосредно пред да застане возилото, од внатрешноста била исфрлена најлонска кеса, која подоцна била пронајдена. Во кесата имало наркотична дрога кокаин со маса од 69 грама.
Веднаш по настанот Б.Љ. и Е.Р. биле лишени од слобода и се задржани во Полициската станица Гази Баба.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев
-
Имало ли пријави за насилство?
-
Возачот кој на пешачки ја удри Фросина Кулакова седнува во судница
-
Велосипедско возење во знак на поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани