Македонија
9. February 2022 - 16:28

Две лица се обиделе да силуваат 32-годишна жена во Скопје

Скопјанка пријавила дека две лица се обиделе да ја силуваат.

На 08.02.2022 околу 11.30 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена од Скопје пријавила дека на ул.„Лондонска“ во Скопје две машки лица физички ја нападнале и се обиделе да ѝ извршат обљуба, соопштија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.